еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е затвореникот поради кој беа уапсени 17 затворски полицајци од Идризово

Вчера беа уапсени 17. затворски полицајци вработени во затворот во Идризово поради помагање во бегство на затвореник осуден за убиство. За дел од нив Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага, а за дел предистрага.

За шестмина Обвинителството побара притвор, а за другите други мерки на обезбедување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за шест затворски полицајци, а за 11 предистражна постапка за помагање во бегство на затвореник

Кој е затвореникот и како избегал?

Телевизијата Телма објави дека се работи за Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки, кој во мај, 2022 година, беше осуден на осум и пол години затвор за убиство.

Тој избегал на 26. октомври лани, додека бил подложен на медицински третман во затворот и во придружба на двајца од осомничените затворски полицајци, се упатил во просторија за пушење во непосредна близина на болницата. Таму поминал околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му да избега, објави телевизијата.

Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во Идризово, ниту тоа го сториле нивните колеги од втората смена, туку седеле без него во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од припадници на интервентната полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 11 од 17. уапсени затворски полицајци има сомнение дека помогнале во бегство на затвореник: Детали од МВР

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Првата македонска игра на Nintendo Switch и Xbox One

Редакција

Трамп му пишал на Заев: Северна Македонија е голем партнер на САД, честитки за храброто лидерство

Редакција

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Редакција