На Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје одржано на 27. март за членови на Надзорниот одбор (НО) се реизбрани професорката Александра Максимовска-Стојкова, Ванчо Чифлиганец, управител на Адора Инженеринг ДООЕЛ, која е најголем акционер во Банката, Фатмир Етеми, сопственикот на ЗСФ КОМ ДООЕЛ, Сашо Наумоски, главен извршен директор на Витаминка АД Прилеп и Горан Антевски, управителот на Раде Кончар ТЕП Скопје, информираа од Банката преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална ги објави примањата на членови на НО, Димитрова, Фити и Максимовска-Стојкова
Поранешната директорка на Европа АД Скопје, Сава Димитрова, која беше независен член и претседател на НО и поранешниот професор и член на МАНУ, Таки Фити, кој беше заменик претседател на НО не се повеќе членови.
Новоизбрани се Ивана Милковска Симева – член, и Петар Теговски – независен член.
Сите имаат мандат од четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката
Кој е најголем акционер во Комерцијална банка