еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Течат роковите од 48 часа за приговори од учесниците во изборите, велат од ДИК

Tечат роковите од вкупно 48 часа за учесниците на изборите да поднесат приговори за евентуални неправилности поврзани со изборниот ден, рече претседателот на Државната изборна Комисија (ДИК) Александар Даштевски за време на денешното продолжение на 98. седница на комисијата.

На трите избирачки места во Куманово, каде што гласањето беше прекинато поради технички проблеми, нема да има прегласување, бидејќи малиот број на гласови нема да влијае на крајниот исход.

Излезноста на првиот круг претседателски избори изнесува 49,93 проценти, а своето избирачко право го оствариле вкупно 905.971 граѓанин.

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оваа се сите кандидати: Новата влада наместо 26 ќе има 19 министри

Редакција

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Редакција

Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип, учесник изгуби контрола и удри во него

Редакција