еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи информираше дека над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок.

„Пред техничката влада, сите граѓани ги добиваа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи.

Тоа го зборував уште од првиот ден, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале,“ потенцираше Бојмацалиев.

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новото ограничување на работното време ќе придонесе за масовно напуштање на работните места, порачуваат угостителите

Редакција

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Редакција

Убава вест: Дванаесет штипјани излекувани од корона вирусот

Редакција