еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Благороден и необично духовит татко: Пендаровски, кој оди во вториот круг од претседателските избори приватно

Актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ, во првиот круг од претседателските избори освои 19,93% од гласовите, а во вториот круг повторно ќе ги мери силите со Гордана Силјановска Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Има две деца, а сопругот и е правник: Силјановска, која победи во првиот круг од претседателските избори приватно

Стево Пендаровски приватно

Роден е на 3. април, 1963 година.

Дете е на двајца учители, кои биле првите дел од првите во земјава по Втората светска војна.

Татко му предавал хемија и биологија, а мајка му била оделенски наставник.

Пендаровски не сака многу да зборува за својот приватен живот, а повеќе детали за него приватно знаеме благодарение на неговата сопруга Елизабета, по професија стоматолог, која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија, а со која се запознал преку заеднички пријатели.

Во изборната кампања на Пендаровски кога во 2014 година за прв пат беше кандидат за претседател на државата, таа се обиде да го долови Стево, не како што вели: „строго лице од телевизиските екрани, туку како човек пожртвуван, благороден необично духовит и прекрасен татко“.

„Стево го запознав кратко пред да ми се случи најстрашниот момент во мојот живот, загубата на мојата помала сестра. Тогаш, неговата поддршка и часови и часови поминати во разговори ми помогнаа да прифатам, некако да живеам со тој факт неповратна загуба како дел од животот.

Но, ми се чини дека маката тогаш, направи да видиме многу побрзо една важна работа, а тоа е дека треба да продолжиме заедно, особено затоа што и обајцата потекнуваме од скромни семејства, каде што добрината, човечноста и трудољубивоста се поважни од се.

Кога за десетгодишнината од бракот повеќето жени добиваат скапоцени подароци, јас од него добив тектст, текст кој не би го менувала за сите богатства на овој свет.

Насловот е „Десетка во срце и една од карти“. Десетка за десетте години заеднички живот, а една од картите за она прекрасно суштество кое не може да заспие додека со најдобриот татичко на свет не прочитаат по некоја епизода од нивните омилени стрипови.

Стево од секогаш ме поддржувал во мојата работа. Секое мое отсуство и враќање го засилува чувството дека најсреќна сум кога сум тука, дома. Јас најдобро знам дека сакам и Огнен кога ќе порасне да остане покрај нас, заслужува иднина како и сите наши деца, тука“, рече тогаш Пендаровска во нејзиното обраќање.

Фан е музика од поранешна Југославија, со која и растел, од типот на Бјело дугме, Парни ваљак, Идоли…, но и на Леб и сол и Еливис Присли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија на СДСМ

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис прислушувал актуелни и поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари: Скандалот со прислушување во Грција се шири

Редакција

Кој е Звонко Пекевски, старо-новиот градоначалник на Берово

Редакција

Бојко Борисов поднесе оставка

Редакција