еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

„Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста во снабдувањето се секогаш клучни фактори во креирањето на долгорочните цели на компанијата. Среќни сме што им овозможуваме на граѓаните на Штип уште поквалитетно снабдување со електрична енергија и ги поддржуваме нивните идеи за производство на електрична енергија од обновливи извори.“ изјави  Маиер.

Во рамките на посетата беше разговарано за можностите за дополнителни инвестиции во дистрибутивната мрежа, а во интерес на локалниот развој.

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов изрази благодарност до компанијата и најави дека соработката меѓу општината и компанијата ќе продолжи и во иднина.

„Со одлична соработка достигнавме уште една значајна цел која контуинирано ќе служи за доброто на граѓаните. Со ова значително се подобрува квалитетот на живот, но и условите за водење бизнис и за инвестирање во зелена енергија што е во согласност со нашата Стратегија за енергетска ефикасност, а со која е предвидено употребата на обновлива енергија да се зголеми за 20% до 2026 година.“ изјави  Јорданов.

Последната надградба на трафостаницата „Штип 1“ им овозможува на постоечките корисници на штипскиот регион сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија и покрај приклучувањето во дистрибутивната мрежа на идните потрошувачи и потенцијалните производители од обновлива енергија. Оваа обемна инвестиција вредна 2 милиони евра директно го поттикнува и поддржува економскиот развој на околината на Штип, земајќи ја превид забрзаната динамика и зголемената заинтересираност на граѓаните за изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Девојче ја пее „Let it go“ во скривница во Украина, снимка која го обиколи светот

Редакција

Од Ковид-19 за 24 часа починаа 14 лица, дополнително пријавени уште 9

Редакција

„Виста груп“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на АМР/МДМ систем вреден 411.000 евра

Редакција