еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска двојни избори во Македонија, искористете го своето гласачко право

Денеска Македонија гласа за претседател на државата и за нов состав на Собранието.

Во вториот круг за избор на претседател на Македонија можете да гласате за преставничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која победи во првиот круг и актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ.

На парламентарните избори пак можете да гласате за “Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ, Левица, коалицијата на албанскиот опозициски блок „Вреди“, Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничката партија.

На двојните избори можете да гласате само еднаш.

Вчера гласаа болните и изнемоштените, осудениците и дијаспората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојните избори ќе ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи, се гласа само еднаш

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заедничка молитва за мир во Украина денеска во храмовите и џамиите на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква

Редакција

Ќе се дознае ли некогаш вистината: Седум години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

Редакција