еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот донесе одлука да се направи супервештачење за случајот со родилката од Дебар

Судот донесе одлука да се направи супервештачење за случајот со родилката од Дебар, Јалдз Веапоска која по породувањето во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег.

Одлука на судот следи поради неусогласувањата на наодите од Судска медицина и она на одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев, кажа дека вештачење направено во Институтот за судска медицина ќе опстои бидејќи нема друга вистина и очекува правдата си го најде својот пат.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули годинава патни исправи со Северна Македонија

Редакција

Актуелните правила и протоколи за влез во Грција продолжени до 7 јуни

Редакција

Хрватската влада нуди по 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати, засега пријавен само еден

Редакција