еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Таравари најбогат, колку вредат анкетните листови на претседателските кандидати

Од невладината Граѓаните против корупцијата направија проценка колку вредат анкетните листови на кандидатите за претседател на Македонија.

Анкетниот лист на Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и кандидат на коалицијата „Вреди“ според невладиното здружение има највисока вкупна вредност, од 75 милиони денари, или околу 1,2 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција

Според невладината анкетниот лист на Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ, има најниска вкупна вредност, од нешто повеќе од 2 милиони денари, или 37 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија на СДСМ

Втор по вредност е анкетниот лист на кандидат на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ

Трет по вредност е анкетниот лист на кандидат на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ

Следи кандидатот на коалицијата “Европски фронт“ и актуелен министер за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како имот пријавил Бујар Османи, кандидат за претседател на Македонија на ДУИ

По него е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, актуелна пратеничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска, бидејќи досега немала политичка функција, немала обврска до Државната комисија за спречување корупција да достави податоци за имотот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

Редакција

(Галерија) Светот го има Холивуд, а ние Глувовуд на Скопска Црна Гора

Редакција

Што го плаши претседателот Стево Пендаровски?

Редакција