Од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа информираа дека е приведено и второ лице, осомничено за кражбата на сефот од маркет во скопско Црниче, Општина Кисела Вода.
Станува збор за В.Т. (36) од Скопје.
Претходно од Јавното обвинителство (ЈО) информираа дека е приведен В.З. (23), исто така од Скопје.
Во нивните домови се извршени претреси и се пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело „тешка кражба“ за кое се сомничат.
На еден од нив по барање на ЈО веќе му е одреден притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Откриен еден од крадците на сефот од маркетот во Црниче: Што сè е украдено
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.