Гордана Силјановска Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори издвојува убедлива победа, освојувајќи 40,08% од гласовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сиљановска Давкова прва, Пендаровски втор, Османи трет: Официјални податоци на ДИК
Во вториот круг кој ќе се одржи на 8. мај, таа повторно како и во 2019 година за конкурент го има актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ.
Гордана Силјановска приватно
Родена е на 11. мај 1953 година во Охрид, а пораснала во Скопје.
Родителите и се по потекло од Кичево, а нејзиниот дедо бил партизан.
Како дете нејзина страст биле ролшуите, па била и првенка во нивно возење во Скопје.
Практикува и јога, а сака и да пешачи.
Со години е вегетерјанка.
Не крие и дека е голем љубител на музика, посебно на рокенрол.
Со сопругот Благоја е во брак над 35 години.
И тој како нејзе е правник, кој е во пензија.
Имаат две деца, ќерката Марија и синот Павле, кои се исто така правници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија
Фото: Фејсбук/Силјановска