Дамјан е дете со трајно оштетување на слухот, на кој му е вграден кохлеарен имплант ( 2018год./2020 реимплантација) за да може да слуша и да го развие говорот.
„Во текот на овие 6 год. од денот на вградувањето на имплантот, покрај реимплантацијата, често пати доаѓа до расипување на процесорот поради корозивни промени предизвикани од зголемено потење ( 3-4 пати во текот на една година).
Моментално на Дамјан, кој е ученик во прво одделение, повторно му е расипан процесорот. Тој сега има појзамено делче за да може да ја следи наставата и да ги слуша своите другарчиња, наставнички и родителите. Додека го немаше делчето Дамјан скоро 15 дена глув ја следеше наставата, во потполна тишина и се обидуваше да ги завршува секојдневните задачи и активности колку ќе успееше со читање од уста.
За да може континуирано да се овозможи гласовен-говорен развој и понатамошен развој на неговите интелектуални способности и понатамошно школување, на Дамјан му е потребен нов процесор кој има заштита од потење, вода -РОНДО 3 и кој истиот е со висока цена,“ се вели во апелот на ecrowd.mk.