По Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза се огласи и Стопанска банка АД Битола, која потврди дека се разгледува можноста за нејзино присоединување кон Комерцијална банка АД Скопје.
Двете банки за присоединувањето за првпат информираа лани во септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?
-Согласно Одлука на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола од 26.09.2023 година и по усвојувањето на Годишната сметка за 2023 година од страна на Собранието на акционери на 25.04.2024 година, Стопанска банка Битола ја известува јавноста дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка Скопје.
По спроведување на постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка Скопје ќе се донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена, велат од Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?