еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21 април во 13 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19 часот (сабота) до 21 часот (недела).

„Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“.

Исто така, на 21.04.2024 во 20 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните,“ се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Државниот архив за набавка на автомобил вреден 17.000 евра

Редакција

(Фото) Раде Трајковски – Штекли доби нова смртна закана на Тик Ток, ако преживее ќе го обесат

Редакција

Девојче му пратило експлицитни фотографии, тој ги покажувал на другарите

Редакција