еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ: Сосема е сеедно на чие раководство е одлуката за Сребреница, станува збор за Северна Македонија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека предлог-резолуцијата за Сребреница, за која ќе се изјаснува Генералното собрание на Обединетите нации, е идеја на Германија која ја поддржале најмоќните членки на НАТО, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави.

Српскиот претседател истакна дека Северна Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница „врз основа на одлуката на пред сè албанското раководство“.

„Но сосема е сеедно на чие раководство е таа одлука, станува збор за Северна Македонија, им благодариме на тоа, веројатно сме заслужиле со сè што направивме за пријателството со Северна Македонија“, кажа Вучиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го постави прашањето дали Бујар Османи зборува во името на цела Македонија или во име на албанскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Османи во врска со Сребреница зборува во името на цела Македонија, прашува Дачиќ

Фото/Фејсбук-Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционерите и вработените ќе добијат дел од 21-милионската добивка на Макпетрол

Редакција

Сите детали: Кој се ќе добие платежни картички од Владата?

Редакција

Починаа 4 лица од Ковид-19, најмладиот пациент на 43-годишна возраст

Редакција