Ретка видео-снимка од пред еден век: Млади девојки на панаѓур пред црквата „Света Недела“ во Битола

3457 Views Декември 13, 2017 Ретро Никола Осило

Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години.

Во оваа прилика објавуваме филмски материјал кој датира од периодот меѓу 1905 и 1912 година, а на кој може да се види како изгледал панаѓурот во Битола пред црквата „Света Недела“ во тој период. На видеото може да се видат млади битолчанки во народни носии фатени на оро, како и машко оро на младите битолчани.

Фото/видео: Кинотека на Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!