ОМО: Поставување на нови стандарди во продажбата на користени возила

Во Македонија, еден официјален мултибренд аутлет за половни возила (ОМО – Olympia Motors Outlet) сака да ги помести границите во продажбата на половни возила.

Во ОМО секој заинтересиран може да изврши избор од тековните половни автомобили кои што се на располагање во нивниот салон или да изврши посебна нарачка на одреден модел. 80% од автомобилите се увезуваат од странски пазар, односно Германија и Франција, со цел да се обезбеди поголем квалитет и сигурност на самите автомобили.

Од каде потекнува искуството на Олимпија моторс аутлет?

Славчо Матески, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Olympia Motors Outlet е заедничка идеја на долгогодишни професионалци во автомибилската индустрија.

Долгогодишното работење со брендовите Opel, Ford, Chevrolet, Volvo, Lada, но и следење на пазарните трендови преку мониторинг на конкурентските модели и понуди уште од 2000-та година, дава за право искуството да се преточи во создавање на високо професионална и клиентски ориентирана компанија за увоз и на возила со гарантиран квалитет.

Кои се клучните цели на Олимпија моторс аутлет?

Славчо Матески, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Мисијата на ОМО е да е да го промениме искуството на купувачот при купување на половно возило, како и да поставиме нови стандарди при привлекување на клиенти и продажба на користени возила.

Нашата Визија е да станеме лидери на пазарот со оптимална понуда и квалитет како и синоним за задоволни купувачи на возила. Да станеме водечки и иновативен бренд кој ќе им пружи на клиентите најдобри решенија за нивните барања, да ја градиме лојалноста заедно и да не ја чекаме иднината, туку да ја создаваме со заеднички чекори.

Што е тоа што е карактеристично што го нуди Олимпија моторс аутлет?

Славчо Матески, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Вредности: Ценовната политика, професионалниот тим, голем лагер на квалитетни возила возила и долгогодишното искуство, се дел од промените кои ги носиме и нудиме на сегашниот пазар.

Ориентираност кон клиентите: Континуираната посветеност кон промовирање на вистинските вредности и премиум услуга кон нашите клиенти, далеку над пазарните услови и понуди е тоа кое ќе направи разлика на пазарот.

Квалитет: Севкупната понуда за возила на Olympia Motors Outlet е базирана на строг акцент на гарантираниот квалитет. За секое возило компанијата дава вистинска информација и гаранција за потеклото, сервисната историја како и разновидни алатки кои би помогнале клиентите да се обезбедат со најадекватното и ценовно оптимално возило за нивните потреби.

Многу луѓе се во потрага на совршеното половно возило и многу често поради звучноста на самиот бренд знаат да ја направат погрешната одлука. Што би ги советувале сите кои сакаат да купат половно возило?

Дејан Ристовски, продажен консултант - Најчеста причина за грешките е неизбалансираност помеѓу желбите, потребите и можностите.

Ориентираноста кон клиентите како определба на Olympia Motors Outlet, значи и интеракција со клиентот преку осознавање на неговите вистински потреби и давање на соодветни совети и решенија.

Што е клучно при изборот на едно возило?

Дејан Ристовски, продажен консултант - Откако клиентот ќе биде сигурен во своите желби, потреби и можности, соодветното возило би требало да го побара низ следните критериуми кои се утврдуваат низ документирање на информации и испробување на возилото:

-Состојба на возило

-Изминати километри

-Сервисна историја и гаранција за техничка исправност

-Предвидување на идни трошоци за одржување

-Опрема

-Цена

Погоренаведените критериуми би можеле да го создадат т.н. TCO (Total Cost of Ownership) т.е. вкупната цена на поседување на возилото.

Кои се најдобрите пазари и брендови за купување кога се бара половно возило и зошто?

Славчо Матески, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Иако не може да се генерализира и секогаш постојат исклучоци, дефинитивно германскиот, францускиот и пазарот на земјите од Бенелукс, се со најквалитетни понуди на користени возила. Ова се темели на фактот што овие земји имаа ригорозна законска регулатива за регистрирање и проверки на возилата, пред истото да добие дозвола да се вклучи во сообраќај.

Што се однесува до брендовите, сите брендови треба да се почитуваат и сите се карактеризираат со добри и лоши страни. Нашиот македонски пазар најчесто преферира германски и јапонски брендови, додека останатите европски и неевропски брендови се некако во втор план.

Многу често при понудата на половни возила има мал избор на финансиски понуди. Дали ОМО има искуство и можност да го промени ова?

Дарко Димовски, партнер во Олимпиа моторс аутлет – ОМО во својата понуда на алатки со кои купувањето на „младо“ користено возило би требало да стане подостапно до клиентите, веќе има подготвено понуда на финансиски инструмент – лизинг. Преку овој производ, возилата до 5 годишна старост можат да се набават со плаќање на повеќе месечни рати. Дополнително на ова, работиме и на планот на создавање и на кредитен производ – автомобилски кредит во соработка со една од комерцијалните банки во РМ, но финалниот производ би можеле клиентите да го очекуваат во 2018-та година.

Која е финансиската сигурност која ја давате на Вашите клиенти и зошто го правите тоа?

Дарко Димовски, партнер во Олимпиа моторс аутлет – Клиентот е во центарот на вниманието во ОМО. Од таа причина и ги создаваме трите карактеристики на бизнис моделот на ОМО: финансиски лизинг, гаранција на возилото (која во ништо не се разликува со продолжената гаранција кај новите возила) и гарантиран buy back (повторен откуп) на возилото во секој момент по барање на клиентот.

Имате ли нешто специфично кое го надминува класичното аутлет работење? (корпоративни понуди)

Дејан Ристовски, продажен консултант - Карактеристика на нашиот аутлет се корпоративните понуди за патнички, а најчесто комерцијални возила. Постојат компании кои своите возни паркови ги менуваат со возила исклучиво од нашата понуда. Секако компаниите најдобро знаат што е најдобро за нивниот бизнис и среќни сме што нашата понуда на возила, како и бизнис моделот ја надминуваат релацијата B2C (business to client), туку преоѓаат и во B2B (business to business). Пред сè мислам на компаниите кои вршат достава како и компаниите за изнајмување на возила.

Кои се клучните карактеристики кои ве опишуваат како аутлет и која е Вашата визија?

Славчо Матески, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Нашата Визија е да станеме лидери на пазарот со оптимална понуда и квалитет како и синоним за задоволни купувачи на возила. Да станеме водечки и иновативен бренд кој ќе им пружи на клиентите најдобри решенија за нивните барања, да ја градиме лојалноста заедно и да не ја чекаме иднината, туку да ја создаваме со заеднички чекори.

Кое е Вашето омилено возило и зошто го сакате овој бизнис? 

Дарко Димовски, партнер во Олимпиа моторс аутлет - Volvo XC90

Создавањето на бренд компанија по сопствени стандарди и критериуми е мојата животна определба како менаџер. Од друга страна автомобилите се производи како и секој друг производ со една разлика – клиентите живеат со нив активно и вистински предизвик е да се одржи високо ниво на клиентска сатисфакција во текот на долгогодишното користење на возилото. Значи, за мене, ОМО доаѓа нешто како спој помеѓу желба и предизвик.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.