(Фото) Граѓани, компании се вклучуваат во акцијата во Сити мол, донирајте и вие за семејствата на кои им треба помош

1519 Views Декември 27, 2017 Да помогнеме Силвана Жежова

Голем број на граѓани, компании, невладини организации и здруженија се вклучуваат во хуманитарната акција „12 елки-12 медиуми“ која се одвива на втори кат во Сити мол.

До вчера беа собрани 135 подароци, а во акцијата се вклучија и голем број на јавни личности.

40 пакетчиња за сите деца од 12 социјално загрозени семејства донираше советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова.



Вреди да се спомене и хуманоста на голем број граѓани кои сакаат да останат анонимни, а сепак донирале за сите деца од сите 12 семејства.

Под елката на еМагазин, за сега се собрани 15 подароци за петте деца од семејството Кочовски.

Како може да донирате?

На вториот кат од Сити мол, има 12 природни елки кои се новогодишно декорирани и секоја од елките, претставува по еден медиум. Веднаш до нив има табли, на кои се запишани семјствата за кои граѓаните може да донираат. „еМагазин“ првите подароци ги купи за семејството Кочоски, во кое има пет деца.

И вие може да купите за:

- момче 13 години

- момче 4 години

- девојче 10 години

- девојче 8 години

- девојче 6 години.

Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година и во пресрет на Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците. Во овие студени зимски денови да ги стоплиме и усреќиме детските срца!

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Да ги израдуваме петте деца на Благе: Купете подарок и оставете го под елката на еМагазин во Сити мол

Купете подароци, ставете ги под елката на „еМагазин“ во Сити мол и ние ќе го однесеме на деца што немаат

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.