Ајфон најпродаван технолошки уред во 2017 година

753 Views Јануари 2, 2018 Техно Редакција Емагазин

Според податоците на УСА Тудеј, без оглед на тоа што завршните анализи од продажбата минатата година не се довршени, најпродаван технолошки уред во 2017 година е Ајфонот на Ејпл.

Притоа, резултатите се повеќе од импресивни, бидејќи комбинирајќи ги сите модели, Ејпл вкупно минатата година продал 223 милиони уреди, што дефинитивно е многу блиску до резултатите од 2015 година.

Не е неважно да се напомене и фактот дека продажбата на најочекуваниот уред годинава Ајфон икс беше ограничена, а ако не беше резултатите ќе беа уште подобри.

Ејпл може да биде задоволен, бидејќи продал повеќе Ајфони од сите останати уреди на листата на пет најпродавани заедно.

На второ место најпродаван уред лани е Самсунг со Галакси С8 и Ноут 8 со продадени 33 милиони примероци. Трет е Амазон Ехо Дот со продадени 24 милиони примероци, на четврто место е Ејпл воч, а на петто место е Нинтендо Свич со 15 милиони примероци во 2017 година.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.