На специјализантите на Клиниката за гинекологија им треба канцелариски мебел и компјутери

Специјализантите на Клиника за гинекологија и акушерство, имаат итна потреба од донација во вид на канцелариски мебел и ИТ техника за опремување на простор, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Просторот е наменет за повеќе од 40 лекари специјализанти по гинекологија, кои редовно работат на секојдневна база и бесплатно дежураат 24 часа во тим од по 4 лекари.

„Ги повикуваме сите добронамерни и општественоодговорни компании и поедници да не поддржат и помогнат со што ќе се олесни работата на специјализантите“, се вели во апелот.

Извор: Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.