Студија: Мигрантите во Германија поттикнале пораст на насилствата

995 Views Јануари 3, 2018 Свет Редакција Емагазин

Приливот на млади мажи мигранти предизвикал пораст на насилниот криминал во Германија, се наведува во студија финансирана од германската Влада.

Студијата на криминологот Кристијан Пфајфер користи податоци од Долна Саксонија да анализира влијание на доаѓањето на бегалците врз криминалот во периодот 2015 -2016 година.

Во студијата се укажува на пораст од 10,4 отсто на насилниот криминал и за време на тие две години тоа се припишува на бегалците.

Постои поголема веројатност младите бегалци кои воглавно се мажи да извршат криминално дело ако се чувствуваат дека немаат надеж за својата иднина, а најголем дел од нив доаѓаат до муслимански држави карактеристични по доминација на мажите.

Портпаролка на германското Министерство за семејство, Верена Херб изјави дека студијата потврдува потреба за поголеми напори за интеграција во Германија. 

Извор/фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.