Прв во светот: Во Исланд со закон еднакви плати за мажите и жените

883 Views Јануари 3, 2018 Свет Редакција Емагазин

Исланд први во светот донесоа закон според кој компаниите се обврзни за иста работа еднакво да плаќаат мажи и жени и дека отсега ќе биде илегално мажите да бидат платени повеќе од жените.

Бројни поитичари и борци за човекови права сметаат дека Исланд треба да го следат и други држави.

Од 1 јаннуари фирмите и владини агенции со повеќе од 25 вработени ќе мора да поседуваат сертификат од владата за политика за еднакви плати за жени имажи.

Тие што нема да ги почитуваат тие мерки ќе мора да платат казни. Потегот е дел од настојувањата до 2022 да се искорени нееднаквоста меѓу половите кога се во прашање платите.

Слични прописи имаат Швајцарија и американската сојузна држава Мичиген, но Исланд први во светот тоа правило го озконија и го прогласија за обврзно. Законот го поддржаа сите парламентарни партии.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.