Зошто празниците се добро време за барање работа

1687 Views Јануари 3, 2018 Office Редакција Емагазин

Повеќето од оние кои бараат работа престануваат да се занимаваат со тоа за време на празниците, бидејќи сметаат дека работодавците се во празнично расположение и не се концентрирани во тоа да вработуваат нови луѓе.

Сепак постојат голем број причини кои ги прават празниците исклучително погоден момент за оние кои бараат работа. Еве што велат експертите од „usnews.com“. 

1. Многу работодавци ги финализираат буџетите за крајот на  годината. Многу компании имаат исклучително многу работа на крајот на годината и им е потребна помош поради што вработуваат. 

2. Многу работодавачи имаат годишна конкретна норма или ресурси за одреден број вработувања во текот на годината. Оттука тие треба да го потрошат овие пари во текот на годината или ја губат таа можност. 

3. Многумина од тие што бараат работа, запираат да бараат со приближувањето на празниците, со што се намалува и тоа значително конкуренцијата за секое слободно место. 

4. Работодавците се помалку зафатени и е поверојатно да одговорат на вашето јавување во духот на празниците. 

5. Дури и да си побарате привремена работа поврзана со празниците, тоа е добра можност да наушите нешто и да ги покажете своите способности. Така ништо не губите, бидејќи и онака сте без работа, а можноста да ве задржат и во Новата година постои.

Затоа, советуваат американските експертите, искористете ги празниците, прашувајте, разговарајте. 

Дури и да не успеете да си најдете работа, активирање на вашите контакти во социјалните мрежи ќе Ве стави чекор пред останатите конкуренти. 

Ова важи во САД, па можеби на некој ќе му се посреќи за Нова година и кај нас...

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести