(ВИДЕО) Ново светско чудо во Кина: Мост долг 55 километри

1010 Views Јануари 4, 2018 Свет Редакција Емагазин

Изградбата на најдолгиот мост на светот се одвива според планот и таа е при крај, откако беше инсталиран и тестиран системот за осветлување, соопштија кинеските власти.

Беше потребна шестгодишна подготовка и осум години за самата изградба на 55 километри долгиот мост што ќе ги поврзува Хонг Конг, Чухаи и Макао.

Tрасата се состои од главниот мост долг 22,9 километри, тунел од 6,7 километри и вештачки остров - најзначајниот дел од целокупната конструкција.

- Наредниот месец, инженерите ќе ја проверуваат координацијата на системите и опремата на мостот, изјави Џанг Ѓинвен, одговорен за проектот.

Мостот ќе го намали времето на патување меѓу Хонг Конг и Макао, од три часа на само 30 минути.

МИА/Видео: South China Morning Post

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.