(ВИДЕО) Србија: Пациент падна од возило на Брза помош и почина

Пациент падна од возило на Брза помош и почина, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на магистралниот пат Врање-Лесковац.

До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец. Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал.

Видео: Vecernje novosti

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.