После Владата и министерствата, „куп“ огласи за привремени вработувања и во општините

После Владата, министерствата и институциите, и неколку општини објавија огласи со кои се бараат услуги за привремени вработувања за годинава.

Општина Пробиштип објави оглас за барање за прибирање на понуди за избор на Агенција за привремени вработувања за 2018 година за потребите на општина Пробиштип.

За оваа намена, според објавата на Бирото за јавни набавки Пробиштип планира да потроши 1.016.952 денари без ДДВ.

Критериум за добивање на договорот е најниската цена.

И општина Кривогаштани објави оглас за привремени вработувања. Според објавата на Бирото за јавни набавки општината преку оглас бара понуди за привремени вработувања, а за оваа намена планира да одвои 847.457 годинава.

И струмичката општина Ново Село објави оглас со кој се бараат понуди за привремени вработувања.

Според објавата на Брото за јавни набавки за привремени вработувања за потребите на општина Ново Село за оваа година е предвидено да бидат потрошени 1.016.000 денари без ДДВ.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Секој ден „фрчат“ нови вработувања во Владата, министерствта и државните фирми

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.