Како да работите за празници?

708 Views Јануари 7, 2018 Office Редакција Емагазин

Тешко е да се одржи продуктивноста кога голем дел од колегите се на годишен одмор, а божиќни и новогодишни украси ги има насекаде.

Ви предлагаме десет совети кои ќе ви помогнат не само да останете продуктивни и концентрирани за време на празниците, туку и добро да се чуствувате во својата кожа.

Поставете дневни цели
Направете листа на задачи кои мора да ги направите секој ден. На тој начин и покрај задачите и обврските кои сте ги завршиле ќе останете мотивирани.

Во ред е да земете пауза
Прошетајте и земете чист воздух или одете на кафе. Никому не му е во интерес, па ни на вас да седите цел ден на работното столче во канцеларија.

Држете се што поуредни
Сите сакаат и уживаат во божиќни декорации и украси, но вас тоа истовремено може да ве деконцентрира.

Одржувајте концентрација
Исклучете ги табовите во пребарувачот кои не се врзани за работа, престанете да “висите” на социјалните мрежи. Можете да го исклучите дури и е-маилот ако ве деконцентрира. Исклучете го звукот на вашиот смартфон.

Дружете се со колегите
Проверете кој уште од вашите колеги работи за празник и повикајте го на ручек за време на паузата. Покрај тоа што ќе ви биде полесно бидејќи уште некој е во истата ситуација како и вие, ќе се запознаете со колега кој инаку не сте многу блиски, а може на ручекот ќе смислите и некој заеднички проект.

Поставете приоритети
Подетеле ги задачите на оние кои мора да ги завршите и оние кои е добро да ги завршите.

Вежбајте
Вежбањето ќе ви помогне да останете будни, добро расположени и да се решите со стресот.

Стимулирајте се на мали награди
Она што важи за петодишни деца важи и за вас, ветете си себе мали награди во текот на работниот ден кои ќе ве стимулираат, како што се кафе, слатки, социјални мрежи и наградете се после секоја завршена задача.

Наспијте се
Секако дека сте под притисок да до три чаост наутро гледате филмови, но важно е да го одржите вообичаениот режим на спиење за да не бидете поспани цел ден.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.