Хојт Ји поднесе оставка од местото помошник заменик државен секретар на САД

Брајан Хојт Ји поднесе оставка на местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдуваат од Стејт департментот за Ал Џезеира.

Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги известил колегите од американското министерство за надворешни работи за својата одлука.

Хојт Ји на оваа позиција беше од 2013 година, а како негов наследник неофицијално се споменува поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Џонатан Мур.

Во јавноста се шпекулираше дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во некоја од државите на Западен Балкан. Во медиумите пред еден емсец се шпекулираше дека можно е тој да биде и новиот амбасадор на САД во Македонија.

Според сознанијата на српски Блиц, Хојт Ји можно е да биде амбасадор во Сараево.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Блиц“: Хојт Ји веројатно нов амбасадор на САД во БиХ, а не во Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.