Детали од Законот за возила: Кои автомобили ќе имаат еко-налепници

6877 Views Јануари 10, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Сите автомобили ќе имаат еколошки налепници кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен начин ќе се селектираат сите оние ки треба да бидат исклчени од сообраќај при енормно загадување на воздухот.

Таксистите кои се лиценцирани ќе имаат жолти регистарски таблици со што ќе се огранични нелегалната конкуренција и сите ќе плаќаат давачки кон државата. 

Ова стои во објаснувањето на Министерството за економија за новиот Закон за возила кој е во фаза на изработка.

-Од Асоцијацијата на на авто-такси превозници поднесоа барање да се воведат жолти регистерски таблици за лиценцираните автотакси возила за целта територија на Македонија.

Ова барање е од причина што се појавува незаконско работење од автотакси превозниците и има за цел редовно да се плаќаат давачките кон државата, плаќање на придонеси за вработениот такси превозник или носителот и да се овозможи разликување од лажно одбележаниот автотакси превозник, велат од Министерството за економија.

Од таму објаснуваат дека овие законски измени кои се однесуваат на воведување на жолти регистерски таблици и еколошки лепенки е прифатена од Министерството за внатрешни работи кое е надлежно да ги спроведе. 

-Во моментот се работи на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за возила, односно се доработуваат деталите, кои треба да бидат вградени во одредбите на Законот за возила и во подзаконските акти од Законот за возила, велат од Министерството.

Што се однесува до цената на чинење, начинот и постаката на издавање на жолтите регистерски таблици и еколошките лепенки, од министерството за економија потенцираат дека тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи и сето тоа ќе биде регулирано со подзаконски акти од Законот за возила, односно по објавување во „Службениот весник на Република Македонија“ и стапување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за возила.

Законот треба да биде изготвен заклучно до крајот на февруари годинава по што законските измени треба да бидат доставени до Владата, а потоа и до Собранието.

Очекувањата се дека до крајот на првото полугодине да бидат донесени и да стапат на сила.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.