(Фото) Parfois пролет/лето 2018: Недефинираноста е моја дефиниција

Новата кампања на брендот за пролет/лето 2018 е инспирирана од постојаната потрага по суштината на Parfois жената. Модерна визија на светот и на тоа што значи да се биде жена, оваа кампања се труди да ги сруши границите и да го следи концептот на слобода и сила, во време на однапред дефинирани идеи и генерализации кои нè ограничуваат.

Оваа сезона брендот се стреми кон рушење на стереотипите и традициите преку фотографската леќа на Родриго Кармуега, користејќи едно од најголемите пристаништа во Португалија како позадина за фотографиите и видеото на кампањата.

Брит Вандерворт е главниот модел во кампањата и претставува жена која е уникатна и своја преку деконтекстуелизација и рушење на границите (социјални, морални, стилски...), кои во минатото одредувале каде, кога и како може да се биде жена. Во оваа кампања таа им дава ново значење на секојдневните предмети и ситуации и ги става во нова употреба во зависност од нејзините желби, без разлика што ќе кажат другите.

Оваа жена создава нов, специфичен и уникатен свет околу себе, спојувајќи ги чудните и прекрасните елементи: комбинација на минатото и сегашноста, уметноста и природата, спортот и софистицираноста. Овој начин на експериментално претставување на нештата го наоѓа своето место и во колекцијата на Parfois за пролет/лето 2018. Таа ни носи неочекувани комбинации, спој на стилови кои претставуваат еклектична верзоја на светот и на модата.

Стилови кои се сосема различни – уметнички и етно, се сплотуваат и носат посебна живост во парчињата кои ќе ги носиме во текот на целата сезона. Додатоците и етно мотивите на ранците и чантите им даваат кул изглед на минималистичките и едноставни парчиња, а земјените бои се комбинираат со тропски инспирирани принтови.

Практични додатоци како чанти, ранци и бомбер јакни се комбинираат со поелегантни чевли или сандали на високи потпетици; парчиња направени од лесни материјали се во контраст со широки, тексас јакни. Идејата е секој да се чувствува слободен да создаде свој стил и да експериментира со парчињата облека или додатоци, во зависност од ситуацијата.

Впрочем, најнеочекуваните комбинации може да резултираат во највпечатлив изглед, а модерниот свет е место каде секој има можност да го креира својот изглед на сопствен уникатен начин.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести