„Ендава“ и „Велосити партнерс“ здружуваат сили и продолжуваат со својот раст во глобалниот ИТ пазар

Иновативната компанија за развој на софтвер „Велосити партнерс“ и глобалната ИТ компанија „Ендава“ најавија спојување во компанија чија цел е да стане глобален ИТ играч и да им овозможи на клиентите поголем избор на географски достапни и приспособливи сервиси и технологии.

„Велосити парнерс“ е присутна во Латинска Америка додека „Ендава“ следејќи ја филозофијата на постојан раст има канцеларии низ Северна Америка, Западна Европа, Централна Европа и Латинска Америка. 

Со ова, компанијата ќе има над 4.600 луѓе, со дополнителни шест агилни центри за развој на софтвер во Аргентина, Уругвај, Венецуела и Колумбија кои ќе ја надополнат постојната испорака на „Ендава“ и од центрите низ цела Романија, Молдавија, Бугарија, Србија, Македонија и Колумбија.

Ова ќе овозможи на „Ендава“, која обезбедува агилни, дигитални и автоматизирани решенија за некои од водечките светски финансиски, осигурителни, телекомуникациски, медиумски, технолошки и малопродажни компании, понатамошно проширување во Северна Америка и понуда на најсовремен модел и испорака од светски ранг – формула што во текот на годините принесе за континуиран успех. Компанијата има силен бизнис перформанс и приходи до 38% од година во година, што е комбинација на стабилен органски раст и меѓународна експанзија со превземања.

Питер Стров, управител на „Велосити Партнерс“" изјави: "Уште од почетокот имавме цел да бидеме водечки софтверски лидер, каде талентираните луѓе го достигнуваат својот потенцијал и клиентите добиваат партнер во кој веруваат. Со тоа што станавме дел од групацијата „Ендава“, нашите клиенти добиваат пристап до проширен сет на решенија и услуги, а нашиот персонал добива можности за развој и работа на глобални проекти и подобрени работни средини со најсовремени програми за обука и развој".

Џон Котeрел, извршен директор на „Ендава“ изјави: „Велосити Партнерс“ ја носи агилноста во нивната ДНК и во иновативниот пристап, што ќе допринесе дополнително да им помогнеме на нашите клиенти во реализација на нивната идеја до финален продукт и да им овозможи да бидат побрзи и поефикасни.

Ние сме горди што градиме глобална технолошка компанија и сме посакуван бренд за ИТ професионалци во регионите во кои работиме, привлекувајќи ги најдобрите таленти и нудејќи одлична кариера и можности за развој на луѓето".

За „Велосити Партнерс“

„Велосити партнерс“ се иновативна глобална компанија за аутсоурсинг на развој на софтвер со повеќе од 12 години искуство со задоволни клиенти и вработени. Компанијата нуди високо-квалитетни решенија за зголемување на тимови во компании со различна големина.

Ефикасното користење на локални таленти во нивните развојни центри заедно со нивната експертиза во Lean и Agile процесите им овозможува на „Велосити партнерс“ да обезбедат супериорен финален производ во сите индустрии.

„Велосити партнерс“ има над 500 вработени кои се наоѓаат во канцелариите во Северна Америка и центри за испорака кои се наоѓаат во Аргентина, Уругвај, Колумбија и Венецуела.

„Велосити партнерс“ се свесни дека вработените се клучни за успехот и дека е важно да ги исполнат нивните лични и професионални потреби. Тимовите се основа за успехот на „Велосити партнерс“. Преку тимска работа и соработка се доаѓа до успех на клиентот и постои силно верување во лидерско поставување на визија со оспособување на вработените да работат заедно кон една цел - успех на клиентот.

За „Ендава“

„Ендава“ е приватна IT компанија со над 17 години искуство работење со светските лидери во финансии, осигурување, телекомуникации, медии, технологија и малопродажба. Преку понуда на решенија за агилна трансформација, дигитална еволуција и автоматизација, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни и флексибилни.

„Ендава“ има над 4000 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и Бугарија.

Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, „Ендава“ ја препознава и важноста да овозможи содржајни кариери исполнети со предизвици за своите вработени, и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособните инженери.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.