(ВИДЕО) Рики Мартин се омажи

625 Views Јануари 11, 2018 Забава Редакција Емагазин

Една година по свршувачката пејачот Рики Мартин и неговиот партнер, уметникот, Јуан Јосеф се венчаа во тајност.

Информацијата ја сподели Мартин:

- Во брак сум, а за неколку месеци подготвуваме голема прослава. Си се ветивме и потпишавме. Се чувствувам неверојатно. Не можам веќе да го претставувам како свршеник. Тој е мојот сопруг, изјави Рики Мартин.

Рики и Џан се во врска од 2016 година. На крајот на годината Рики го побара својот иден сопруг, со кого ги имаат близнаците Мате и Валентин. Тие планираат да го прошират семејството.

- Сакам уште четири близнаци. Сакам да имам големо семејство, но во моментов сме презафатени со работа и со организација на свадбата. Да завршиме со тоа, па ќе усвојуваме уште деца, изјави Мартин.

Видео: Trend Updates

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.