АЕК ќе им наплати над 50 милиони денари на операторите за надзор на пазарот

578 Views Јануари 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Агенцијата за електронски комуникации ја дефинира вредноста на коефициентот „К” за пресметка на висината на процентуалниот износ од вкупниот приход на операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги заради определување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за 2018 година.

Според усвоената годишна програма односно финансискиот план за 2018 година вкупните планирани приходи по основ на надоместок за надзор на пазарот изнесува 50.810.000 денари.

„Вредноста на коефициентот е утврдена врз основа на планираниот приход за 2018 година по основ на надоместок за надзор на пазарот и податоците со кои располага Агенцијата за електронски комуникации за вкупниот годишен приход на операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни коуникациски услуги“, соопшти АЕК.

Фото: netdoctor.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!