(Фото) На семејството Гаврилови им изгоре куќата потребна е помош

На семејството Гаврилови од Свети Николе, на 3 јануари им изгоре куќата и сега им е потребна помош.

Секој кој што е во можност и има желба да донира средства на жиро сметка: 200001787274753 Стопанска банка АД Скопје, со дознака Гаврилови за донација.

Доколку сакате да однесете било каква донација од нефинансиски карактер кај семејството Гаврилови можете да ја контактирате Јасмина на телефонскиот број 078 309 – 821.

„Човекот којшто самиот организираше неколку хуманитарни акции и кој со неговите лични напори им помогна на неколку луѓе на кои им беше потребна помош за жал го снајде слична судбина. На 3 јануари неговата куќа во Св. Николе речиси до темел изгоре и остана без покрив на глава. Да и вратиме на добрината со добрина и да му помогнеме на овој великодушен човек“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.