Владата воведува нови правила за работа на професионалните возачи

9412 Views Јануари 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Министерството за транспорт и врски изработи нов Закон за работното време на екипажот на возилата во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.

Со овој закон се уредува: работното време, одмор од работно време, времето на управување со моторно возило, задолжителни одмори и пауза, период на достапност, друга работа на екипажот на возила кои вршат превоз на патници или стока во патниот сообраќај; начинот, условите и постапката за добивање на овластување за работилница и уредите за записи во патниот сообраќај-тахографи, односно граничник на брзина, одобрен тип и начин на користење на тахографите; начинот, условите и постапките за избор и овластување на издавач на тахографска картица; задолжителни евиденции и надзор над спроведување на овој закон.

„Целта на овој закон е да се подобрат условите за работа, безбедност, заштита и здравје на работниците кои се дел од екипажот на возила кои вршат превоз во патниот сообраќај, подигање на нивото на безбедност во патниот сообраќај, изедначување на условите на транспортниот пазар, како и обезбедување на зајакната контрола во патниот сообраќај“, се вели во обрзложението.

Во законот меѓудругото се утврдува дека:

(1) Просечно неделно работно време на членови на екипаж на возило во период од било кој четири последователни календарски месеци не смее да биде подолго од 48 часа вклучувќи ја и прекувремената работа.

(2) Максималното неделно работно време може да се продолжи до 60 часа вклучувќи ја и прекувремената работа.

(3) Најдолго дневно работно време на член на екипаж на возилото со вклучена прекувремена работа не смее да биде подолга од 14 часа во период од 24 часа.

(4) Ако било кој член на екипаж на возило работи за различни работодавачи, неделното работно време претставува збир на работното време од сите работодавачи. Превозникот на работникот како член на екипаж на возило кој работи кај повеќе работодавачи е должен да му нареди по писмен пат или по електронска пат да му достави препис од евиденција или пресметка на работното време кое работникот го извршувал кај друг или други работодавачи.

Целиот предлог-закон ТУКА.

Фото: dolmanlow.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!