Приведен Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27. април

Полицијата синоќа го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27. април, кој се бараше со меѓународна потерница.

Медиумите објавија дека Додевски се криел во внатрешноста на земјава, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.

Со потерница покрај Додевски се бараат и уште четири други лица.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.