Нина за наградата на „Форбс“: Микс од емоции, адреналин, среќа, возбуда

Нина Ангеловска која со Жарко Димитриоски ја доби наградата на „Форбс“ за успешен млад претпремач вели дека дека 22 јануари за неа бил специјален, магичен ден.

„22 јануари дознав дека сум Forbes Under 30 во категорија Retail & e-Commerce. Вчера Grouper наполни 7 години. Пред 7 години на овој ден го лансиравме Grouper со прослава на плоштад во Скопје, а после 7 години во Лондон се подготвувам за прослава на Forbes 30 Under 30. Стотици моменти, емооции и слики ми се враќаат додека шетам низ улиците на прекрасниот Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото) Нина и Жаре, први Македонци на листата на Форбс на најдобри претприемачи под 30 години

После 7 години напорна работа, стотици поминати предизвици, тони вложена енергија на сите страни и после бројни признанија кои секогаш се непроценлива мотивација на седмиот роденден на Grouper го достигнав најголемото до сега - Forbes Under 30. Дали денов е коинциденција, универзумот или седмицата е среќна бројка не знам, ама знам дека се чуствувам прекарасно и многу благодарно“, напиша Нина на нејзиниот Фејсбук-профил.

Инаку Forbes Under 30 Europe вбројува 300 superstars во 10 индустрии (по 30 во секоја индустрија). За прв пат Македонија ја има во листата и тоа дури со двајца претставници. Таа и Жарко „Еден на еден“ (во категорија Media & Marketing).

„Шансите за влез се 3-6% од ијадници номинации односно шансите за влез во Frobes Under 30 се помали од Stanford и Harvard. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание.“, вели Нина.

Инаку, ова не е прва награда за Нина. Tаа пред две години се најде и на листата на 100 жени основачи на старт-апбизниси од Европа (100 Female Startup Founders Europe) на германскиот магазин The Hundert, коj известува за старт-ап сцената во Европа, а истата ја сподели и Forbes препознавајќи ја како квалитетна.

Неодамна во интервју за „еМагазин“ таа изјави дека клучен фактор за успехот била мотивацијата да се успее, односно поразителниот еден процент во онлајн купување, го гледала како огромен потенцијал за развој и можност за успех на е-трговијата.

„Направивме детална анализа и прилагодување на концептот на групно купување за македонскиот пазар. Иако постоеа многу бариери како отсуство на навика за купување онлајн, наклонетост кон плаќање во готово, недоверба во оналјн купувањето и др. верувавме дека атрактивноста на понудите и желбата да се заштеди ќе бидат поттик за граѓаните да го направат своето прво оналјн купување на Групер.“ - раскажа тогаш Нина.

Повеќе за приказната на Нина прочитајте на следниот линк:

Ангеловска: Желбата ми беше да успееме и да го смениме пазарот на е-трговија

Фото/Фејсбук-профил на Нина Ангеловска

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.