Астролог Тамара Грујовиќ: Натална карта имаат и компаниите

Наталната карта на секој човек може да каже многу за неговиот карактер, но и за тоа во која насока ќе му се движи животот. Но, натална карта освен луѓе имаат и компаниите.

Астрологот Тамара Грујовиќ во интервју за еМагазин вели дека астрологијата има повеќе гранки, а посебен аспект е бизнис астрологијата. Според нејзе наталната карта на една компанија може да предвиди како ќе расте бизнисот во која насока ќе се движи компанијата и дали ќе трае.

Долго време работиш како астролог и си добро позната меѓу оние кои што сакаат да знаат што им предвидуваат ѕвездите. Што конкретно е она што најмногу ги интересира оние за кои што правиш натални карти. Кои се најпоставуваните прашања од нив?

- Најчесто обработуваните теми и прашања се всушност и оние најважните: здравје, прашања од емотивна природа, финансии, кариера, поволни/неповолни периоди... 

Што се може да покаже една натална карта и кој е принципот на кој ти ја изработуваш наталната карта?

- Анализата на натална карта опфаќа детална разработка на 12 полиња содржани во секоја натална карта, кои воедно претставуваат 12 животни области подеднакво важни за секој поедниец. Покрај анализата на тие области, важно е да се разработат и прогнози, поточно насоки за да клиентот знае кога да очекува нештата да се случат, да знае кога да иницира одредени чекори, но и кога да се повлече. Принципот на кој ја изработувам наталната карта е во форма на разговор.

Каде има поголем интерес за правење на натални карти, кај мажите или жените и каков профил на луѓе најчесто ти се обраќаат за натална карта?

- Од досегашното мое искуство можам да кажам дека полека се изедначува интересот во смисла на мажи или жени. А во однос, пак, на профилот на луѓе можам да кажам дека е разнолик. Единствена граница која ја имам е што не работам со лица помлади од 20 години. 

Дали е доволно еднаш во животот да се направи натална карта или може да се прави повеќе пати, на пример секоја година. Дали пак истото ќе го покаже или може да има и промени?

- Натална или животна карта се изработува еднаш, бидејќи е фиксна слика и неменлива категорија во однос на поставувањето на анлизата. Од друга страна, пак, прогнози на годишно ниво се изработуваат и се променливи врз основа на движењето на планетите во моментот кога се изработува годишната карта, но прилагодени на веќе изработена натална карта.

Но, освен на луѓе, можно ли е да се изработи бизнис натална карта, односно натална карта на една компанија?

- Астрологијата во себе обединува повеќе науки, но и самата е поделена на повеќе гранки: натална астрологија, хорарна астрологија, кармичка астрологија, астро-медицина, астро-психологија, мундана астрологија и др.. Бизнис или деловна астрологија е една од гранките која се занимава со анализа на натална карта на компанија, претпријатие и секој облик на приватен бизнис.

Што е потребно да се направи наталната карта на компанијата и што може да покаже?

- Исто како и за луѓе, така и за бизнис натална карта потребен е датумот кога практично фирмата се „раѓа“ поточно регистрира. Времето кога е извршена регистрацијата, доколку е познато ќе ја надополни прецизноста на анализата. Бизнис астрологијата не е стриктно поврзана само со бизнис или компанија, таа ги опфаќа сите прашања за купопрдажба, тргување, пласман, прашања поврзани со промени во состав на самото работно место, локација, поволен тајминг, исто и неповолен тајминг кој би требал да се избегне. Една од поважните карактеристики на овој тип анализа, покрај добивањето прецизен тајминг, е и временската рамка која на клиентот му укажува колку нештата имаат тенденција да траат. 

Во овој тип на анализи се разработува тимот на соработници, избор на раководство, нивно насочување во дадени области, карактерот и природата на дејноста која носи бенефит, можност за партнерска соработка, опис или ризик кој доаѓа од истоимената соработка, предиспозиции кои некој ги има или нема за започнување на сопствен бизнис, како и професија и дејност која би била соодветна за потенцијалниот клиент. 

Всушност, астролошки, датумот кога да се започне со одреден бизнис, проект или професионална соработка се смета за клучен момент кој го дефинира понатамошниот тек и развој на настаните кои секако се од голема важност.

Дали досега си изработила натална карта за некоја компанија. Има ли интерес во Македонија за ваков вид натални карти?

- Она што најмногу го работам и сум фокусирана се наталните и годишните карти, но имам и искуство во соработка со претпријатија кои беа вистински предизвик за мене.

Ако сакате натална карта за вашот бизнис Тамара може да ја контактирате на нејзиниот Фејсбук профил, Тамара Грујовиќ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.