МПЦ насилно сака на планинарите да им го одземе планинарскиот дом Матка, тие не го даваат

775 Views Јануари 29, 2018 Спорт Редакција Емагазин

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, оддржа прес конференција на која што беа презентирани фотографии, оригинални документи и списи на кои јасно се гледа како МПЦ ОА сака да го одземе насилно планинарскиот дом Матка во свое владение, употребувајќи административно – бирократски манипулации, на кои кои за жал кумуваат и државни институции, како што се Агенцијата за Катастар и судската власт, информираат од таму.

Планинарите и Федерацијата повеќе од 75 години го развиваат домот, кој преставува не само планинарски, туку и спелеолошки и алпинистички центар од витално значење за љубителите на природата и спортот. Неправадата која им се нанесува, за жал не е санкционирана, ниту од надлежните инстанци.

„Македонската Правослвна Црква бараме во духот на православието, јавно да изјави, по кој основ бараат своја сопственост врз Планинарскиот дом? Го добиле по пат на наследство, имаат извршено купо – продажба или го добиле на подарок и од кого? Повеќе од 75 години Матка е дом не само на регистрираните планинари и членки на Федерацијата, тоа е дом на сите вистински љубители на природата, планината и спортот.

Црквата до сега нема ниту едно камче ставено во објектот, напротив сите планинари и верници се грижеа сиве овие години за околината и самата црква Св. Андреа. Федерацијата заедно со своите над 30.000 членови нема намера до попушти под притисокот на било која институција и било која функција. Како што сме верни на природата, остануваме верни на принципите и на правичноста, во овој случај – истакна Председателот на ФПСМ, Проф. Д-р Јовица Угриновски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести