Тутунска направа наидува на препрека при преиспитување на опасности за заболувања од страна на експерти

508 Views Февруари 6, 2018 Свет Редакција Емагазин

Philip Morris International Inc. не успеа да ги убеди здравствените експерти дека производот што загрева тутун го намалува ризикот од болести поврзани со пушењето.

Како што пренесува New York Times, советодавниот комитет на Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) со 8 гласови за, еден воздржан и ниту еден против заклучи дека Филип Морис не успеал да покаже дека неговиот iQOS уред, кој го загрева тутунот на пониска температура од горењето на цигарите, го намалува ризикот од заболувања поврзани со тутунот за пушачи кои прават комплетна промена.

Со гласање во однос 5-4, комитетот исто така утврди дека Филип Морис не покажа дека iQos ја намалува штетата во споредба со пушењето традиционални цигари.

Од друга страна, членовите со 8-1 гласови изјавија дека е демонстрирано дека iQos ја намалува изложеноста на корисниците на штетни хемикалии. Гласањето беше кулминација на дводневниот состанок во седиштето на Агенцијата во Силвер Спринг во државата Мериленд.

Производителите на тутун се соочуваат со долгорочен пад во пушењето и притисок од страна на комесарот на FDA, Скот Готлиб, да создадат цигари кои ќе ја намалат зависноста. Филип Морис, кој продава Марлборо и други брендови надвор од САД, потроши повеќе од 3 милијарди долари за развој на портфолио на производи за кои се вели дека се помалку штетни од цигарите.

IQos е главен производ во таа стратегија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.