Могерини: Албанија и Македонија прават значителен напредок на европската патека

Европската комисија е подготвена да даде препораки за отворање на преговори за зачленување, врз основа на исполнети услови, кажа високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и заменик претседателка на европската комисија, Федерика Могерини на денешната презентација на Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија во ЕУ парламентот во Стразбур.

Таа додаде дека Албанија и Македонија прават значителен напредок на европската патека.

– Следните месеци ќе бидат пресвртни за ЕУ и за изборот на иднината на ЕУ, како иднината на Европа. ЕУ потенцијално ќе има нови членки, не е врзана на сегашната бројка од 27 и ќе има повеќе, но очигледно ова бара иста решеност и одлучност кај нашите партнери во регионот – рече Могерини.

Еврокомесарката порача дека првите шест месеци на 2018 година може да бидат решавачки за сите, а бараат конзистентност, храброст и решителност, за да може сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ, каде што припаѓаат, уште во нашата генерација.

– Стратегијата ја поддржува агендата со шест конкретни иницијативи, кои ги покриваат сите области: Владеење на правото, безбедност и миграции, социо-економски развој, транспорт и енергетска поврзаност, дигитална агенда и помирување и добрососедски односи – рече Могерини и посочи дека има конкретни активности што се предвидени за регионот, од 2018 до 2020 година.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан пак порача дека годинава е историска можност за регионот, кој од сите страни граничи со членки на ЕУ.

- Можам само да додадам дека ова е историска можност за регионот, кој припаѓа на регионот, кој е опкружен од членки на ЕУ, и единствено логично е да има ЕУ перпспектива за сите земји во регионот – рече тој, појаснувајќи дека тоа значи оти сите во регионот мора да бидат заинтересирани да работат на ЕУ-перспективата и да се поддржуваат едни со други.

Хан додаде дека би можело една од земјите да се приклучи.

- Тоа е амбициозно, но можно само ако сите услови се исполнети. Ова е позитивен момент за ЕУ перспективата на 6 земји. Условите сепак мора да се исполнат. Членките на ЕУ нема да прифатат земја што не ги прифатил проблемите – рече Хан.

Само во 2018 година, за Западен Балкан се предвидени 1,07 милијарди евра како претпристапна помош, како надоврзување на речиси девет милијарди евра дадени во периодот 2007-2017 година.

– Многу работа е пред нас, ние ги поплочавме сите патеки, ова е позитивен момент и дава оптимизам и мотивација, но секој мора да ја сработи домашната работа и ние од ЕУ мора да ја сработиме домашната работа – рече Хан.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.