(Фото) Режисерот Унковски фотографиран со Теодоракис во неговата куќа во Атина, пред 20 години

1193 Views Февруари 7, 2018 Ретро Редакција Емагазин

Режисерот Слободан Унковски објави фотографија со грчкиот композитор Микис Теодоракис фотографирана пред 20 години на неговата тераса.

„Кај Теодоракис дома, на тераса со поглед, еднаш порано пред 20 години, кога бевме соседи, пријатели, уметници и европјани. Јас како министер за култура на РМ “, напиша Унковски за фотографијата.

Теодоракис во неделата на протестите во Атина беше еден од говорниците на протестот „Македонија е грчка“ и е ден од гласноговорниците, терминот „Македонија“ да не биде содржан во решението за името.

„Ако една грчка влада помисли да го стави потписот на земјата за сложено име, нема друг избор освен да го праша грчкиот народ. Упатувам повик до пратениците, кои го имаат тоа право да побараат референдум“, рече Теодоракис на протестот.

Фото/извор: Фејсбук-профил на Слободан Унковски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Теодоракис побара референдум за името и упати критики до грчката Влада

(ВИДЕО) Грчкиот композитор Теодоракис пристигна на протестот во Атина во количка

Пред денешниот протест за името „Македонија“ вандализирана куќата на грчкиот композитор Теодоракис

Нацоски до грчкиот колега Теодоракис: Кога "Гркот Зорба" беше изведена во МНТ немавте замерки

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести