До каде е Македонија: Секоја балканска земји различно оддалечена од ЕУ

Европската Комисија вчера објави нова стратегија во врска со подготовката на шест држави од Западен Балкан за членство во Европската унија. Во стратегијата не е и седмата држава - Турција, која, исто така, се надева на прием во Унијата. Од ЕУ нагласуваат дека таа држава се оддалечува од Европа по обидот за преврат во 2016 година.

Европската комисија издава редовни извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ или потенцијалните кандидати. Последната оценка беше во ноември, потсетува германската новинска агенција ДПА, која објави преглед на западнобалканските земји и за тоа која од нив до каде е на патот кон ЕУ. 

Албанија: Поднесе молба за членство во 2009 година и доби статус кандидат во 2014 година. Во номеври 2016 година ЕК даде препорака дека Тирана е подготвена да почне детални преговори за присоединување по почетокот на главните правосудни реформи, напредок во борбата со корупцијата и организираниот криминал и почитување на основните права.

Босна и Херцеговина: Државата поднесе молба за членство во 2016 година, но се неопходни повеќе реформи што треба да решат длабоки структурни проблеми кои го кочат развојот на државата, беше истакнато во последната оценка на ЕУ.  Меѓу приоритетите се зацврстување на судството согласно стандардите на ЕУ. Неефикасната администрација, назначена во 1995 година за да стави крај на војната, им дозволи на непријателско настроените еден кон друг етнички лидери да ги избегнуваат бараните реформи со години наназад. 

Косово: Пет членки на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово со што членството е далечна перспектива. Косово и ЕУ постигнаа договор за поблиски врски делумно како награда за напредокот во нормализирањето на односите со Србија. Косово треба да го реши граничниот спор со Црна Гора за да добијат граѓаните безвизен режим со ЕУ. 

Македонија: Државата поднесе молба за членство во 2004 година, и доби статус на кандидат во 2005 година. Почетокот на преговори за членство неколкјупати беше одлагано поради спорот со Грција за прашањето за името на државата. Во моментот се обновени напорите за излез од ќор-сокакот.

Црна Гора: Земјата поднесе молба за членство во 2008 година и доби статус на кандидат во 2010 година. Државата се смета за една од лидерите за членство во ЕУ од регионот. Се уште треба да постигне напредок во сегментите – владеење на правото, борба против корупција и организиран криминал.

Србија: Државата поднесе молба за членство во 2009 година, доби статус на кандиадт во 2017 година и почна преговори за членство во 2014 година. Србија се разгледува како кандидат за следниот круг од прошируавњето на ЕУ, заедно со Црна Гора. Белград беше пофален во 2016 година за улогата во справувањето со бранот мигранти, кој се движеше кон Европа. Но, државата треба да покаже политичка волја за реформи во економијата и владеењето на правото, соопшти Комисијата. Србија треба, исто така, целосно да ги нормализира односите со Косово пред да стане членка на Европската унија.

Турција: Официјална Анкара поднесе молба за членство во 1987 година и почна преговори за членство во 2005 година. Во почетокто на 2016 година. ЕУ вети „заживување“ на преговорите во замена за помошта на Анкара за запирање на миграцискиот бран кон Европа. Но, односите ЕУ-Турција се влошија по обидот за пуч во јули 2016 година во Турција и настаните кои следеја, во кои имаше чистки во армијата и јавниот сектор и затворањето на околу 50.000 луѓе, меѓу кои и новинари. Двете страни треба да разговараат на средба во Варна на 26 март. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.