Европскиот парламент изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето

506 Views Февруари 8, 2018 Бенчмарк Никола Осило

Пратениците во Европскиот парламент со 384 гласа „за“ изгласаа укинувње на летното и зимско сметање на времето, додека против гласаа 154 европски пратеници. Сега ќе се чека Европската комисија да ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена и да го даде последниот збор.

Од 1996 година граѓаните на земјите од ЕУ ги поместуваат часовниците за еден час нанапред во последната недела на март, и еден час наназад во последната недела од октомври.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците беше покренато од страна на Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата.

Парламентарците кои се согласуваат со укинувањето, наведуваат дека истражувањата покажале дека една петтина од популацијата страда од здравствени проблеми поради зимското и летното сметање.

Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање веќе е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

И во Македонија подолг период дел од бизнис заедницата бара укинување на промената на зимско и летно сметање на времето.

Фото: streamlineOPS.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!