Извештај на Минхенската безбедносна конференција: Можен воен судир помеѓу Русија и ЕУ

1144 Views Февруари 8, 2018 Свет Редакција Емагазин

Поради непочитување на Договорот за контрола на оружјето и тензиите поради воените вежби зголемена е можноста од избивање на војна, се наведува во годишниот извештај на Минхенската безбедносна конференција.

Во извештајот под име „До работ - и назад?“ се опишува растечкиот притисок  поради Договорот за нуклеарно разоружување, распоредувањето на дополнително оружје и тензиите поради воените вежби се зголемува опасноста од ненамерен воен судир помеѓу Европска унија и Русија.

- Во ваква страшна состојба, погрешна проценка и недоразбирање можат да доведат до ненамерен воен судир, се истакнува во извештајот,  што е објавен во пресрет на Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи од 16 до 18 февруари, на која ќе присуствуваат околу 500 воени и државни претставници од Европа, Африка, САД, Русија и земјите од Персискиот Залив.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.