Се роди како Демократска Федерална Македонија, ќе стане ли ( ) Македонија?

Оптмизмот дека годинава ќе се најде решение за спорот за името помеѓу Македонија и Грција не спласнува, а доколку истото биде изнајдено, тоа ќе значи и дека нашата земја ќе добие ново име.

Македонската влада се надева на решение во март, а и двете страни за сега се оптимисти дека прашањето ќе биде затворено до јуни.

СИТЕ ИМИЊА НА МАКЕДОНИЈА

Денешната Република Македонија се родила како Демократска Федерална Македонија, име кое го носела во периодот од 1944 до 8 март 1946 година, во склоп на Демократска Федерална Југославија.

Во 1946 година со одлука на Президиумот на Народното Собрание станува Народна Република Македонија.

Во периодот од 1963 до 1999 година името на Македонија е Социјалистичка Република Македонија, во рамките на Социјалистичка федеративна република Југославија.

Во 1991 година Македонија, по референдумот за независност станува Република Македонија.

КАКО ЌЕ БИДЕ „НОВОТО ИМЕ“

Македонскиот премиер Зоран Заев пред неколку дена соопшти дека Македонија е подготвена да прифати име со географска одредница. Се уште нема детали за тоа колкав би бил опсегот на употреба, дали само за надворешна или и за внатрешна употреба и како истото би било напишано и дали истото ќе има превод.

Тој не кажа кој е предлогот кој би го прифатила македонската Влада.

Заев најави и дека евентуалното решение ќе оди на рефрендум, но и дека нема потреба од менување на македонскиот Устав, нешто што го бараат повеќе фактори во соседна Грција.

Имиња со географска одредница, кои би можеле да бидат нашето „ново“ име, а кои беа понудени во последниот пакет на специјалниот посредник за името на ОН, Метју Нимиц се: Горна Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Последно има најмали шанси.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.