Одлука во мај: ЕУ најавува драстично намалување на роамингот на Западен Балкан

Дали граѓаните на земјите од Балканот ќе плаќаат поевтин роаминг ке биде познато после Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во мај в Софија, на кој покрај останатото треба да биде претставен и планот за намалување на цените на роаминг на Западен Балкан.

Намалувањто на цените на рамингот го најави и шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини на претставувањето на новата Стратегија за проширување како една од активностите на кои ЕУ работи со регионот со што би се олеснил животот на граѓаните од овој дел на Европа.

На намалување на цените во моментов работат советниците во Европската комисија, а на состанокт на телекомуникациските оператори на просторот на Западен Балкан, кој беше одржан во првата половина на јануари во Брисел, компаниите се договориле своите предлози со Комисијата да ги разгледаат во текот на февруари.

Брисел на овој состанок побарал од телекомуникациските компании во регионот да ги истражат можните опции како што се доброволни комерцијални договори и слично за да се намалат цените на овие услуги за граѓаните на Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.