Спорот за името во „Викиликс“: Владата на Груевски уште во 2008 година понудила ревидирање на историските учебници со Грција

2594 Views Февруари 10, 2018 Наша тема Никола Осило

Се поголемото интензивирање на процесот за наоѓање решение за спорот за името, кој е наметнат од страна на Грција по осамостојувањето на нашата земја придонесе на површина да испливаат документите на оваа тематика што ги објави „Викиликс“, а кои откриваат пикантерии за влијанието на САД врз целиот процес, задршките во Европската Унија и отвореното противање на Грција на евроинтегративните процеси на нашата земја.

Во оваа прилика ви ја пренесуваме содржината на документ од американската амбасада од 2008 година во кој јасно се посочува дека македонската Влада тогаш предводена од Никола Груевски на Грција и понудила двете страни да склучат договор за пријателство и добрососедство, како и да се формираат мешовити комисии кои ќе работат на мерки за стекнување доверба.

„За време на билатералните разговори во Охрид на 21 јануари за прашањето за името, Македонија и понуди на Грција проширен сет мерки за градење на доверба, вклучително и мешовит комитет за ревидирање и апдејтирање на историските учебници, состаноци на високо ниво околу прашања како двојното оданочување, наука и технологија и меѓугранична соработка, како и заедничка декларација за пријателство и добрососедски оддноси во која двете страни би ја реафирмирале посветеноста кон спогодбата од 1995 година и Македонија би се одрекла од територијалните претензии кон Грција.

Грчката страна се уште не се изјаснила по овој предлог, но реакцијата во јавноста не беше охрабрувачка“, се вели во документот.

Во документот се додава дека со ревидирање на учебниците би се докажало дека во нив нема делови кои промовираат иредентизам, што Грција подолг период неуспешно се обидува да го докаже.

Тогашниот предлог, меѓудругото предвидувал и формирање заеднички македонско-грчки фонд од кој би се црпеле средства за заеднички проекти.

Оргиналниот документ ТУКА.

Фото: sputnikintenational.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спорот за името во „Викиликс“: Фрустрациите на Али Ахмети

Спорот за името во „Викиликс“: Германија не сакала да лобира кај Грција и Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!