Спорот за името во „Викиликс“: Фрустрациите на Али Ахмети

1600 Views Февруари 11, 2018 Наша тема Никола Осило

Се поголемото интензивирање на процесот за наоѓање решение за спорот за името, кој е наметнат од страна на Грција по осамостојувањето на нашата земја придонесе на површина да испливаат документите на оваа тематика што ги објави „Викиликс“, а кои откриваат пикантерии за целиот процес.

Во оваа прилика ви ја пренесуваме содржината на телеграма од американската амбасада од 2010 година во која во детали се опишува средбата со Али Ахмети и негов соработник и неговите мислења во однос на прашањето за името и тогашната коалиција со Никола Груевски.

„Ахмети кажа дека ДУИ трпи штета од ригидното нагласување на македонскиот идентитет од страна на Груевски и дека етничките Албанци се повеќе се разочаруваат од конитнураното присуство на ДУИ во коалицијата со Груевски.

Иако Ахмети е видно исфрустриран, тој сепак не планира да ја напушти Владата. Ахмети извести дека првиот состанок со претседателот Иванов минал позитвно и прагматично“, пишува во телеграмата.

Во неа се опишува „првата приватна средба“ со Иванов и дека на неа се дискутирало да се вработат двајца етнички Албанци во Кабинетот на претседателот, како и за прашањето за името.

Во телеграмата, се вели и дека подоцна двајцата со своите сопруги се дружеле на концерт на филхармонијата на кој биле поканети од американскиот амбасадор.

Оргиналниот документ ТУКА.

Фото: armeida.am

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Спорот за името во „Викиликс“: Владата на Груевски уште во 2008 година понудила заедничко ревидирање на историските учебници со Грција

Спорот за името во „Викиликс“: Германија не сакала да лобира кај Грција и Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!