Руски авион со 65 патници исчезна близу Москва

234 Views Февруари 11, 2018 Свет Никола Осило

Патнички авион Ан-148 што полетал од московскиот аеродром Домодедово, исчезнал од радарите по полетувањето. Руски медими јавуваат дека авионот најверојатно се урнал во Раменскиот регион.

Во авионот што летал кон Орск, имало 65 патници и шест члена од екипажот. Леталото било сопственост на авиокомпанијата Саратов Ерлајнс.

Кон реонот на несреќата упатени се спасувачки тимови, јави Тасс.

Фото: tass.ru 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!